Македонскиот премиер Никола Груевски во саботата вети дека наскоро во Македонија ќе никнат уште седум слободни економски индустриски зони. До крајот на годината треба да започне изградбата на индустриските зони во Кичево, Прилеп, Гевгелија и Струга, а до април наредната година и во Радовиш, Струмица и Ранковце. Нема да останеме само на зоните во Скопје, Штип и Тетово. Се обидуваме да ги дисперзираме слободните економски индустриски зони колку што е во наша моќ, но конечниот збор го имаат инвеститорите. Тој потсети дека неодамна започна изградба на големи фабрика во близина на Битола, во Кавадарци, Тетово и Штип. Панираме и со изградба на нови економски зони да се направи дополнителна дисперзија на инвеститорите и тие да инвестираат во различни места во Македонија. Ние ги охрабруваме странските инвеститори кога ќе слушнеме дека размислуваат за иинвестиција надвор од Скопје.
Македонскиот премиер Никола Груевски во саботата вети дека наскоро во Македонија ќе никнат уште седум слободни економски индустриски зони.
Според Груевски, до крајот на годината треба да започне изградбата на индустриските зони во Кичево, Прилеп, Гевгелија и Струга, а до април наредната година и во Радовиш, Струмица и Ранковце.
„Нема да останеме само на зоните во Скопје, Штип и Тетово. Се обидуваме да ги дисперзираме слободните економски индустриски зони колку што е во наша моќ, но конечниот збор го имаат инвеститорите“, изјави Груевски.
Тој потсети дека неодамна започна изградба на големи фабрика во близина на Битола, во Кавадарци, Тетово и Штип.
„Панираме и со изградба на нови економски зони да се направи дополнителна дисперзија на инвеститорите и тие да инвестираат во различни места во Македонија. Ние ги охрабруваме странските инвеститори кога ќе слушнеме дека размислуваат за иинвестиција надвор од Скопје“, истакна Груевски.